Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДЕЊЕТО ЗА МЛАДАТА ТЕОДОРА ОД ТЕТОВО ОДЛОЖЕНО: најблиските негодуваат „обвинетиот и по три години од смртта нема одлежано ниту еден ден во затвор“

СУДЕЊЕТО ЗА МЛАДАТА ТЕОДОРА ОД ТЕТОВО ОДЛОЖЕНО: најблиските негодуваат „обвинетиот и по три години од смртта нема одлежано ниту еден ден во затвор“

Судскиот процес против Менсур Пајазити, кој во сообраќајна незгода ја удри и смртно повреди младата Теодора Ристовска од Тетово е повторно одложен. Сообраќајната незгода се случи во август 2022 година, кога Теодора имаше само 22 години. 

Судијата Елведин Ферати информираше дека причина за одлагањето на обвинетиот е тоа што Пајазити не е присутен обвинетиот на судењето, ниту пак неговиот бранител Александар Богдановски.

- На 3 март 2025 од сопругата на обвинетиот е доставен поднесок со кој известува Судот дека обвинетиот се наоѓа на лекување во Клиничка болница и достави медицински извештај од ЈЗУ Клиничка болница дека како пациент е задржан на болничко лекување во оддел за интерна медицина. Бидејќи не се исполнети законските претпоставки за главна расправа истата се одложува за 27 март во 11 часот и 30 минути - рече судијата.

Семејството реагира дека како и при првото судење се соочуваат со одложување на правдата со што нивната болка само се пролонигра.

- По две и пол години повторно се наоѓаме пред основен сум повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студент кој се бореше за своите права, беше човек со огромна душа. Како што ги гледате овие луѓе денес тука, сите дојдоа да не поддржат, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. 

Не ми е јасно уште колку пати треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно и колку солзи треба да пролееме, уште колку мајки треба во црно да ги заживееме. Денес тука сме дојдени за правда за сестра Теодора и се надевам дека судот ќе пресуди правилно - изјави Ева Ристовска, сестра на Теодора.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

- Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење - вели Ева Ристовска. 

Воедно како што додава Ева, возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.

Фото: Принтскрин/МИА

Слично

Поврзани вести