Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето за Диво Насеље продолжува, но овој пат затворено за јавноста

Судењето за Диво Насеље продолжува, но овој пат затворено за јавноста

Рочиште за судскиот процес Диво Насеље се одржува денеска,  но е затворено за јавноста, затоа што се слушаат прислушувани разговори. 

Разговорите што ќе се слушаат се доказ од обвинителството обезбедни со посебни истражни мерки за следење на комуникацијата на обвинетите. 

Откако ќе заврши преслушување на ПИМ мерки, судењето ќе продолжи со предлагање докази од одбраната.

Денешното рочиште требаше да се одржи на 9-ти мај,  но беше одложено на барање на Министерството за внатрешни работи. Истиот ден се навршуваа две години од настаните во Куманово. 

Судскиот процес започна од февруари минатата година во скопскиот Кривичен суд и се води против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети во случајот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против 8 лица помагачи на вооружената група, со што бројот на обвинети се искачи на вкупно 37. Судскиот процес за обвинетите во овој случај уште трае.

Во Куманово на 9 и 10 мај пред две години загинаа 8 полицајци, а скоро 40 беа ранети при престрелка со вооружената група од Косово. 

Слично

Поврзани вести