Судењето се одложи, па Груевски дојде на суд
Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со доцнење ја прими одлуката дека денешното судско рочиште за случајот „Траекторија“ е одложено.
Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пак беше навреме во судот.
Судијата Бошевски не образложи зошто го одложува судењето денеска но во неформален разговор кажаа адвокатите, причина за одлагање на денешното рочиште е и тоа што судијката Верка Петковска, која е дел од судечкиот совет за дел од овој предмет, со новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев, е префрлена во друг оддел, односно не е повеќе во одделот за организран криминал.
Бошевски сепак даде два предлога за следното продолжение на судењето – 31 јануари и 14 февруари, а специјалните обвинителки Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска немаа приговори за одложувањето на денешното рочиште.
Во случајот „Траекторија“ Груевски, Јанакиески, Пешевски се обвинети за злоупотреба на службената положба за незаконско склучување договори за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип при што го оштетиле буџетот на РМ за најмалку 155 милиони евра, стои во обвинителниот акт од СЈО.
