Судењето никако да започне, нема обвинител за Рашковски
И денешното рочиште за случајот „Софтвери“ во кој обвинет е поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски е одложено затоа што обвинителката Ивана Трајчева нема веќе мандат да го гони.
Одложувањето е на барање на обвинителството бидејќи мандатот на Трајчева како обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е истечен во јануари.
Обвинителот кој требало да ја замени на денешното рочиште бил на службен пат во странство, а во меѓувреме судијката која го води случајот апелираше до Советот на јавни обвинители што побрзо да направи избор.
Рашковски заедно со шест лица е обвинет за набавка на софтвер за сообраќајни казни и прекршоци.
Слично
