Судењето на Штекли повторно се одложи, добил епилептичен напад во судница
Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, повторно се одложува, овој пат за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски кој пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница.
По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.
- Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија, рече лекарката.
Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски пред Судот реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија никако не може да биде нарушување на редот во судницата.
- Од почнувањето на оваа расправа до сега Раде Трајковски ниту го навреди, ниту наруши редот во оваа судница. Непосредно пред почетокот на главната расправа добил епилептичен напад. Обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи. Мора да приметам дека лекарот од општа пракса одБрзапомошнемашедоблестдакажедалиденеспримилтерапија, зоштоаконепримиледенодможнитеисходи е ова, изјавиДуковски.
Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.
