Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето на насилниците од Собранието одложено, тие добија поддршка преку протест

Судењето на насилниците од Собранието одложено, тие добија поддршка преку протест

За време на судењето на насилниците кои беа дел од крвавиот четрвток 27 април, група од 30 тина нивни поддржувачи дојдоа да протестираат пред Суд.

Причината поради која тие протестираат е поддршка на тепачите на пратениците.

Со себе носеа транспаренти на кои со огромни букви пишува „Верував во се, но не дека моите ќе ми судат за Македонија“ и „Слобода за патриотите, затвор за предавниците на Македонија“, „Македонија на Македонците“.

Сепак рочиштето се одложи за 23 мај. Во судница не дојде еден од учесниците кој е во куќен притвор.

Претседателот синоќа Ѓорге Иванов во телевизиско интервју предложи амнестија за насилниците за и онака благите кривични дела за кои ги обвини обвинителството на Марко Зврлевски. Иванов не спомна за тешките повреди и психички трауми што ги предизвикаа насилниците кај пратениците, новинарите и собраниското обезбедување, не спомна ни збор дека организирано, со помош на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беа пуштени во Собранието и однесени точно каде треба да кршат и маваат, туку рече дека нивните дела повеќе биле израз на емоции.

Фото: А1он

Слично

Поврзани вести