Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судењето на Божиновски одложено - процесот ќе го води друга судијка

Судењето на Божиновски одложено - процесот ќе го води друга судијка

Одложено е денешното рочиште на кое прв исказ во случајот „Шпион“ требаше да даде новинарот  Зоран Божиновски.

Процесот е одложен, а судијката Сандра Крстиќ се повлекува од лични причини.  Таа побарала замена и на нејзино место судот ја постави судијката Ленка Давитковска.

Кога Божиновски ќе даде исказ, засега не се знае.

Божиновски штрајкува со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес. 

Здружението на новинари на Македонија , минатата недела информираше дека Божиновски започнал штрајк со глад на 14 септември. 

Божиновски се товари за шпионажа, злосторничко здружување и уцена. Тој е во притвор од 21 април, кога беше екстрадиран од соседна Србија каде живееше некое време. 



Слично

Поврзани вести