Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДЕЊЕ ЗА УБИСТВОТО ВО КАФУЛЕТО ВО ШТИП: Помагачите на убиецот добиле дозвола за престој со лажни имиња, а биле дел од турското подземје

СУДЕЊЕ ЗА УБИСТВОТО ВО КАФУЛЕТО ВО ШТИП: Помагачите на убиецот добиле дозвола за престој со лажни имиња, а биле дел од турското подземје

Судењето за убиството на 25-годишниот турски државјанин во кафуле во Штип од 8 мај годинава, што во моментов се одвива во Основниот суд, откри повеќе пропусти на македонскиот безбедносен систем, пишува Канал 77.

Двајца турски државјани, кои помогнале и му биле логистика на убиецот, 21-годишиот Кадир Кара, биле дел од криминално подземје во Турција. Тие добиле дозвола за престој во Македонија со користење на лажни имиња, додека во Турција биле барани за тешки кривични дела. Барани се за убиства и недозволено поседување на огнено оружје.

Третиот помагач, според својот исказ бил обвинет за вмешаност во убиство, но не е осуден. Но, и овој турски државјанин покажал насилство кон девојка од Македонија, поради што македонски суд му досудил мерка забрана за прибилижување.

Читањето на обвинението на почетокот на денешното судење откри дека преку криминални групи помагачите набавиле пиштол во Скопје, на кој му бил избришан серискиот број. Обвинетиот за убиството дошол во Македонија, по што бил сместен со помош од оваа група Турци, кои веќе имале регулиран престој во стан во Џевахир Сити во Скопје.

На 8 мак, околу 18 30 со возило тројцата помагачи го превезле обвинетиот до Штип, за да убие. Убиецот Кара, договорил преку Инстаграм и Уатс ап средба со убиениот, по што се сретнале во Вами кафе во Штип. Убиецот отишол до тоалетот, по што се вратил со изваден пиштол и со шест истрели го застрелал убиениот. По пукањето, убиениот 25-годишник, исто така турски државјанин, починал во Клиничката болница од хеморагичен шок (искрварување).

По убиството повикуваат женско лице (студентка трета година на медицина во Штип) за да ги превезе назад за Скопје за да бидат помалку сомнителни во полициската потрага.

Женското лице знаело дека убиството е извршено и околу 21:30 часот по барање на обвинетиот Осман, кој е студент на дентална медицина во Штип, со својот автомобил ги презема тројцата обвинети помагачи на паркинг пред зградите на Актива во Штип, а потоа и убиецот зад Нама во центарот на градот, со крајна цел сите да ги превезе во Скопје. 

Кога пристигнале кај наплатната станица „Миладиновци“ и забележале полиција, женското лице запрело на 300 метри пред станицата, со цел убиецот Кадир Кара да може да побегне. Кога возилото било запрено на рампата, тројцата машки обвинети се обиделе да побегнат, но биле фатени од полицијата. Набргу е лоциран и фатен и извршителот на убиството и пронајдено е оружјето со кое е извршено убиството.

Судењето е во тек.

Извор Канал 77

Слично

Поврзани вести