Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДЕЊЕ ЗА „ПУЛС“: Девојка кажа дека газда Деко им давал пари на рака

СУДЕЊЕ ЗА „ПУЛС“: Девојка кажа дека газда Деко им давал пари на рака

Во судница денеска се прикажуваа видеа кои траат неколку секунди за пожарот во „Пулс“ во Кочани. 

Обвинителството посочуваше на видеа на кои се гледа ширењето на пожарот, потенцираше на чадот, големата посетеност на гости во објектот, но и на видеа откако се изгаснал пожарот-укажувајќи на самиот објект и материјалите, на прозорците, покривот, вратите..

„Пари ни даваше на рака. Газда беше Дејан Јованов, син му Михаил Јованов ни ги даваше инструкциите. Никогаш не одлучуваше за нешто без да го праша. Кога ќе куцневме на терминал, место фискална излегуваше сметка-испратница. Тие сметки ги чуваа келнерите. Тие ги викавме „црни пари”. Газдата Дејан, беше опседнат со пари, не' тераше да работиме се' и сешто. Хигиената беше на најниско ниво. Во „Пулс“ имаше просторија во која што се чуваше вино. Имаше пукната цевка, мирисаше лошо. Не' тераше да ја чистиме“, наведува Ана Томева, сведок.

На исказот реагираше обвинетиот Михаил Јованов, синот на првообвинетиот Дејан Јованов и кажа дека тоа е лага. 

Во пожарот лани на 16 март загинаа 63 луѓе, а повредени беа околу 200 луѓе. 

Слично

Поврзани вести