Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДБИНАТА НА СЈО ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ: Koга ќе „падне“ договор за него

СУДБИНАТА НА СЈО ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ: Koга ќе „падне“ договор за него

Партиите уште не постигнаа договор за Специјалното јавно обвинителство, а следната средба е в петок. 

Преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за обивнителство повторно се без успех. 

Нов обид за да се усогласат ставовите министерката за правда Рената Дескоска од името на власта и адвокатот Тони Менкиноски за опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе направат задутре. Дескоска вели клучните разлики остануваат, но остануваат и црвените линии на власта, да нема скриена аменстија.

Опозицијата си стои на ставот дека предметите на СЈО отворени по истекот на мандатот се незаконски.

Специјалната обвинителка Катица Јанева, е  оптимист за процесот и вели дека клучните разлики околу статусот на СЈО се надминати.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на тоа дека СЈО треба да продолжи со работа единствено како одделение во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Слично

Поврзани вести