Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судар на албански влекач и автомобил го затвори патот Кавадарци - Прилеп

Судар на албански влекач и автомобил го затвори патот Кавадарци - Прилеп

Сообраќајна несреќа помеѓу камион-влекач од Албанија и патнички автомобил е причината поради која денеска е затворен сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, а автомобилите  се пренасочуваат преку алтернативен пат.

-Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка ,Аауди А4″. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница, потврди гласноговорникот на СВР Велес.

сообраќајот денеска преку м.в.Плетвар се одвива во километарска колона. Полесните моторни возила чекаат половина час за да минат неколку километри.


Слично

Поврзани вести