Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУД: Постапуваме по барањата на СЈО за притвор, ама не можеме да предвидиме колку време ќе треба за целата процедура

СУД: Постапуваме по барањата на СЈО за притвор, ама не можеме да предвидиме колку време ќе треба за целата процедура

Во однос на поднесените предлози од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во различни предлози, ја информираме јавноста дека сите предлози веќе се распоредени во работа пред Кривчните совети на овој суд и по истите се постапува, соопштија пред малку од Судот.

Оттаму дополнуваат дека „со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал приложен во предлозите, судиите кои постапуваат во советите вложуваат напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, за која неможе да се предвиди колку време може да трае, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на Кривичните совети“, информираат од Основниот суд.

СЈО вчера ги достави обвиненијата при што рокот почна да тече веднаш.

Катица Јанева побара притвор за десетина функционери на партијата ВМРО ДПМНЕ, но притвор се бара и за еден пратеник на ДУИ исто така обвинет во Титаник.

Според официјалните информации на СЈО, поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети, бидејќи случаите „Тврдина “и „Таргет“ се споени во еден.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми, а СЈО бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица. Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.


Слично

Поврзани вести