Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој чека дозвола за изградба на голем хотелски комплекс на Охридско езеро

Субрата Рој чека дозвола за изградба на голем хотелски комплекс на Охридско езеро
Индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија проектот наречен „Сахарајан Македонија“ . Предлогот завчера бил доставен до Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески.

„Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада“, стои во писмената изјава од компанијата.

Индијците соопштуваат дека „Сахарајан Македонија“  ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди. Проектот за комплексот го има изработено една од најсилните светски компании, британската „Аткинс“, а како што се наведува во соопштението, притоа биле испочитувани сите еколошки стандарди.
Слично

Поврзани вести