Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студијата е готова – ќе се гасифицира ли Чаир?

Студијата е готова – ќе се гасифицира ли Чаир?
Министерството за економија денеска ќе ја презентира физибилити студија за гасификација на општина Чаир. Резултатите од истражуањето ќе ги објават  министрите за економија и за животна средина и просторно планирање Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми, градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и претставникот од компанијата која ја изработи физибилити студијата, Димитар Илиевски. Студијата треба да ја покаже оправданоста од воспоставување на договор за јавно – приватно партнерство за развој на дистрибутивната мрежа за природен гас. Со овој документ треба да се испита оправданоста од изградбата на секундарната гасоводна инфраструктура и да се утврдат трасите на гасоводната мрежа низ најгусто населената општина во Скопје. Намерите за гасификација оваа општина ги најави уште пред една година. Министерството за економија и локалната власт од Чаир во јануари 2012-та потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на Проектот за гасификација на оваа општина. Покрај физибилити студијата, треба да се изготви и студија за проценка на влијанието врз животната средина од гасификацијата. Потоа општина Чаир ќе објави повик за пронаоѓање приватен партнер којшто би инвестирал во проектот. Поради огромната густина на населението, малата површина на општината и близината на магистралниот гасовод, се смета дека овој проект би можел да го привлече интересот на домашни и странски компании кои успешно функционираат во оваа дејност.  
Слично

Поврзани вести