Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: Oд 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата

СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ: Oд 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата

Вечерва на еден час да ги изгасиме светлата во домовите – да го покажеме мракот кој нè обви, порачаа од Студентскиот пленум. 

Повикаа вечерва од 20 часот до 21 часот сите во домовите да ги исклучиме светлата со цел да го покажеме мракот кој нè обви сите нас по оваа невидена трагедија.

„Ве повикуваме сите – во секој град, село, населба и маало-да го покажеме мракот што не обви и да ги оставиме улиците празни. Нека молкот зборува – во чест и сеќавање на оние што прерано заминаа”, се наведува во нивиот апел споделен на социјалните мрежи.

Во Кочани загинаа 59 луѓе и тие денеска беа погребани. Голем број повредени се во лекуваат во македонските болници, но и во странство. 

Слично

Поврзани вести