Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТИТЕ ЗА УТРЕ ПОВИКУВААТ НА ОДДАВАЊЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ВО СТРАОТНИОТ ПОЖАР - дополнителни информации во наредните денови

СТУДЕНТИТЕ ЗА УТРЕ ПОВИКУВААТ НА ОДДАВАЊЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ВО СТРАОТНИОТ ПОЖАР - дополнителни информации во наредните денови

Универзитетското студентско собрание при УКИМ повикува утре во 12 часот на оддавање почит на жртвите.
„Драги колеги, професори и граѓани, придружете ни се утре од 12:00ч на платото на Општествен кампус за заедничко оддавање почит и изразување поддршка за жртвите на трагичниот пожар во дискотеката "Пулс" во Кочани.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите и посакуваме брзо закрепнување на повредените.

Дополнително ќе известуваме за оддавање почит во текот на наредните денови“, се вели во нивната објава. 



Слично

Поврзани вести