Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТИТЕ ОД КРАГУЕВАЦ ДОНИРАА КРВ: Утре во Ниш ќе собираат донации за повредените во Кочани

СТУДЕНТИТЕ ОД КРАГУЕВАЦ ДОНИРАА КРВ: Утре во Ниш ќе собираат донации за повредените во Кочани

Српските студенти ќе собираат пари за повредените во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА.

Според неформалната група студенти во Ниш, најпрвин ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.

При посетата на изложбата, студентите напоменуваат дека ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани.

Студенти од сите факултети на Универзитетот во Крагуевац денеска учествуваат во доброволна крводарителска акција за повредените во пожарот во Кочани, јави МИА.

Одделението за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац беше преполно од осум часот наутро, а студентите истакнаа дека на тој начин сакаат да им помогнат на повредените пациенти од Кочани, но и да ги поттикнат сите граѓани да се приклучат на оваа акција и да даруваат крв.
Во пожарот загинаа 59 луѓе. 

foto EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести