Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите од денес ќе се вакцинираат на УКИМ

Студентите од денес ќе се вакцинираат на УКИМ

Од денес започнува со работа Вакциналниот пункт на УКИМ кој е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9 В.

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ известува дека истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот. 
„Во него работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите“, се додава во информацијата.


Слично

Поврзани вести