Студентите незаинтересирани за субвенциониран оброк: Парите ќе им легнуваат директно на сметка, а ќе ги користат за што сакаат
15 милиони евра се издвоени за 40 000 студени за мерката субвенциониран оброк. Сепак, незаинтересираност од страна на студентите, кои досега се пријавиле над 12 600 на број.
Со оваа мерка на студентите ќе им се обезбедуваат средства од 2400 денари, кои ќе бидат префрлани директно на нивните трансакциски сметки .
Апликациите се поднесуваат електронски со прикачување на два документи со кои се наведуваат и податоци од трансакциска сметка на студентот кој аплицира.
Мерката важи за оние студенти кои не се во работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата која годинава изнесува 15 194 денари.
Мерката се воведува за прв пат кај нас, а средствата кои ќе ги добијат студентите на сметка, ќе можат да ги користат за што ќе посакаат.
