СТУДЕНТИТЕ ДОБИЈА ДОБРИ ВЕСТИ - можеби се истите пари од државата, ама барем ќе ги добиваат неделно и ќе им биде позгодно за трошење, еве ги деталите
Добра вест за стуидентите во земјава. Нема да имаат повеќе пари, ама ќе им биде полесно да ги трошат.
Најдоцна од следниот семестар, субвенцираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделно ниво, односно наместо по 140 денари дневно, студентите во понеделник ќе имаат на располагање 840 денари, средства што ќе можат да се трошат во текот на таа недела.
Ова било договорено на вчерашната средба на Универзитетско студентско собрание – УКИМ и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, а за што своја објава на фејсбук споделија и од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.
Со оваа одлука, студентите во понеделниците ќе имаат на располагање 840 денари, средства што можат да ги потрошат во текот на таа недела.
Како што е познато, Министерството за образование и наука од оваа академска година воведе нов начин на исплата на средствата од студенски оброк. Студентите добиваат парични средства на наменска платежна картичка во износ од 140 денари. Студентите имаат обврска во текот на денот да ги потрошат парите, во спротивно тие средства нема да бидат достапни за трошење следниот ден.
Всушност, како што објаснуваат студентите, овие пари односно 140 денари тие добиваа секој ден на својата сметка и тоа почнувајќи од понеделник па заклучно со сабота, при што беа обврзани средствата да ги трошат или во некои студенстки бифеа или во други места регистрирани за храна, или во некои од маркетите.
Целта беше овие пари да се трошат стриктно за намената за која се предвидени, односно за исхрана на студентите, но се покажа дека тоа не е сосема практично, бидејќи доколку некој студент не беше во состојба од било кои причини токму тој ден да ги потроши парите, тие му беа изгубени и веќе немаше право на нив.
