Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТИТЕ ДА СИ ГИ ПРОДОЛЖАТ БИЛЕТИТЕ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ - од март ќе има и казни

СТУДЕНТИТЕ ДА СИ ГИ ПРОДОЛЖАТ БИЛЕТИТЕ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ - од март ќе има и казни

ЈСП ги потсетува студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз дека уште неколку дена имаат право на бесплатен превоз со незаверен/непродолжен билет за 2022 година.

„Од први март годинава секој студент од посочената категорија, доколку не поседува уредно заверен/продолжен билет, во случај на линиска контрола, ќе добие записник (казна), доколку не поседува друг тип валиден билет.

Единствен валиден документ за користење на бесплатниот превоз е уредно заверен/продолжен билет за тековната година, не се признаваат индекс, потврда за студент и слично“, се вели во соопштението од градското сообраќајно претпријатие. 

ЈСП Скопје и годинава по барање на студентите, за три месеци го продолжи рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет за 2022 година.

Продолжувањето на билетот се врши во некој од центрите за персонализација со неопходната документација (индекс на увид со запишан летен семестар и потврда за редовен студент, не постара од 1 месец).

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Слично

Поврзани вести