Студенти од Пакистан и Таџикистан се тепале во Тетово
Се степале студенти од Пакистан и Таџикистан во Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 11 часот ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои претходно се пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.
„Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од СВР Тетово.
Во пресметката, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу завршил во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Слично
