СТУДЕНО ЗА ВИКЕНД: Температурите ќе паднат до -12 степени
Студено време се очекува за време на викендот. Температурите ќе се спуштат до -12 степени. Од петок ќе имаме драстичен пад на температурите. Времето в петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -9 до -1 степен, а дневните од -2 до 6 степени.
Во сабота времето во Македонија ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег. Утринската ќе се спушти до -12 степени, а дневната од -6 до 1 степен. Изминатиот период имавме пролетни температури, иако календарски е зима.
foto freepik
Слично
