СТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерени 13 степени под нулата
Во Македонија утрово имаме невообичаено ниски утрински температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од годината и се движат во интервал од -13 до -3 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со благ пораст на дневните температури, ветровито но и понатаму студено време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури и денеска ќе останат под вообичаениот просек за овој период од месец декември и ќе достигнат до -3 односно до 7 степени.
Во сабота се очекува претежно облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време со пораст на температурите, особено на утринските кои што ќе се движат од -7 до 3 степени, а максималните дневни од -2 до 8 степени. Умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време во Македонија ќе има во недела. Минималните температури ќе бидат од -7 до 3 степени, додека пак дневните од 2 до 11 степени. Во понеделник и вторник сончево и топло време со дневни температури кои што ќе се движат во границите на повеќегодишниот просек за овој период од годината. Утринските од -6 до 2 односно од -5 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат 4 односно до 13 степени.
