Студено утро во Македонија, неколку градови со минусни температури
Во Дојран е најтопло, а во Берово е најстудено.
Во Берово утрово се измерени -7 степени, а во Дојран се измерени максимални три степени, објави УХМР.
Во Битола температурата е -5, во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија и Струмица -4, во Штип, Крива Паланка и Маврови Анови -3, во Прилеп, Куманово и Попова Шапка -2 , во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Дебар и Крушево -1, во Охрид нула, еден степен е измерен во Виница и два во Гевгелија.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко со максималната температура до 12 степени.
Утрово загадувањето на воздухот е нешто помало од претходните денови. Сепак, во текот на денот состојбата ќе се менува. Во вечерните часови обично е позагадено за разлика од наутро.
