Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНО УТРО: Температури под нулата, и снежна покривка од 19 цм

СТУДЕНО УТРО: Температури под нулата, и снежна покривка од 19 цм

Македонија се разбуди со минусни температури. 

Во Берово утрово се измерени шест степени под нулата, а највисока снежна покривка од 19 сантиметри има на Попова Шапка, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Маврови Анови има седум сантиметри снег, во Берово 3 и во Крива Паланка два сантиметра снежна покривка.

Минусни температури (-4) утрово се измерени  во Тетово, Битола, Прилеп, Скопје (мерна станица Петровец), Штип и Демир Капија, -3 степени во Крива Паланка и Гевгелија, -2 Скопје (мерна станица Зајчев рид) и Куманово и -1 степен во Виница. Во Дојран се измерени 0 степени, 3 во Крушево, 4 во Претор и 6 степени во Охрид.

Во котлините преку ноќта и утринава има појава на магла. На запад и особено на повисоко дува умерен западен ветер. На северот и на југозападот има зголемена облачност.

Слично

Поврзани вести