Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студено утро - Берово вообичаено најстудено

Студено утро - Берово вообичаено најстудено

Утрово е студено низ цела Македонија. 

Во текот на ноќта и изутринава времето е ведро и претежно тивко.

Измерени се -11 во  Берово, -8 Штип, Демир Капија, Струмица, -7 Битола, -6 Скопје, Дебар, Тетово, Крива Паланка, -5 Прилеп, Куманово, -4 Лазарополе, Виница, Маврово, -3 Претор, Охрид, -2 Гевгелија, -1 Пожаране, Ѓуриште, 0 Тополчани, Крушево, 1 Дојран.

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе имаме денеска.  Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег.




Слично

Поврзани вести