Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНО И СО СНЕГ: Божиќ ќе ни донесе голема промена на времето, еве ги деталите

СТУДЕНО И СО СНЕГ: Божиќ ќе ни донесе голема промена на времето, еве ги деталите

Божиќните празници или деновите по Божиќ носат голема промена на времето. 

По невообичаено високите температури за овој период од годината, доаѓа нов влажен бран кој според синоптичарите ќе донесе и вистинска зима, како во Европа, така и на Балканот. 

На самиот старт на Новата 2024 година, се огласи меторологот Славчо Поповски, со нови информации кој треба да ги израдуваат сите љубители на снегот. 

- Среќна и бериќетна нова 2024 година! Првата објава за оваа 2024 година е одлична за љубителите на снегот. Од Божиќ како што најавивме следува многу студен период и чести врнежи од снег, како и вистинска снежна бајка на Балканот и во Македонија! - напиша Славчо Поповски на својот Фејсбук профил. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести