Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студено и облачно време во Македонија

Студено и облачно време во Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните делови. 

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

„Послаба нестабилност има, исто така, и во преспанскиот регион и овие облачни маси се приближуваат кон јужните делови од Пелагонија, а појава на нестабилност има и во гевгелиско“ - соопштува УХМР.

Максималната дневна температура ќе се движи од 5 Целзиусови степени во Маврово, во Берово до 10, Крива Паланка 11, Охрид и Битола 12, Скопје 14, Кавадарци 16, до 17 степени во Дојран.

Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на темпераатурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини на север, прогнозира УХМР Македонија

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 14 до 21 степен.

Во среда ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени, а во четврток ќе имаме слични временски услови со пониски дневни температури од 10 до 17 степени.

Слично

Поврзани вести