Студени последните денови од годинава - во петок и сабота до -14
Последните денoви од 2016 година ќе имаме студено време.
Снежни врнежи ќе има, но тие ќе бидат прилично слаби. Истите ги очекуваме денеска во повисокиот дел од западниот регион, а навечер и во некои пониски места во западниот крај, но мешани со дожд. Слаб снег ќе провејува локално и во среда.
Веќе од четврток врнежите ќе престанат, за од четврток навечер и облачноста постепено да почне да се намалува. Петок и сабота ќе поминат во услови на претежно ведро време. Се до четврток ќе дува умерен, локално и засилен северен ветер.Температурата во среда ќе има максимална вредност помеѓу 0 и 4 степени, но со ветерот во комбинација субјективносто чувство ќе биде како да е пониска температурата за 3 до 4 степени. Во нередните денови температурата ќе биде пониска во однос на среда за околу 2 до 3 степени. Особено ќе биде студено наутро во петок и сабота, кога ќе имаме температури од - 14 и -12 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и температури од -5 до 5 степени.
