Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студен бран следната недела во Македонија

Студен бран следната недела во Македонија

Студен бран следната недела се очекува во Македонија. 

Времето утрово ќе биде претежно облачно и малку постудено со кратки сончеви периоди, а во крајниот југоисточен дел од Македонија ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд.

Потоа до вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на температурата на воздухот. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно брз и студен бран од север. 

Тоа ќе предизвика пад на температурата на воздухот и локални врнежи од дожд. На повисоките планини се очекува да  има локален снег. 

Во вторник утринските температури ќе бидат од 1 до 5 и во среда од 3 до 7 степени. Во четврток ќе паднат до - 2 степени. Во петок ќе бидат од 0 до 3 степени. 

Потоа повторно ќе има стабилизирање и затоплување на времето.

Слично

Поврзани вести