Студен бран ќе ја зафати Македонија
Студен бран ќе ја зафати Македонија во деновите кои доаѓаат.
Од УХМР најавуваат засилен северен ветер за денеска, кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи. Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.
Слично
