Студен бран и снег ја очекува Македонија
Стабилно и суво време со магла ќе имаме утре по котлините, а ќе има и појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер.
Дневните температури, особено на повисоките места и на планините ќе бидат над просекот за овој период од годината. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.
Од четврток попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекува од петок наутро.
За тогаш се најавува и продор на студена воздушна маса над Македонија што треба да донесе и значително намалување на температурите. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата.
Целата наредна недела се очекува да биде влажна, а некаде кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу минус 3 степени, а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени.
