Студен бран доаѓа во Македонија
Поради спуштање на студена воздушна маса утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, соопшти УХМР.
Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег.
Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.
Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.
Претстојниот викенд поголем дел од Европа ќе биде зафатен од исклучително студен арктички воздух кој ќе се задржи до среда.
Студената маса на арктичкиот воздух овој викенд ќе погоди поголем дел од Европа, јави Severe Weather Europe.
Слично
