Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стружани повредени во сообраќајка во Албанија

Стружани повредени во сообраќајка во Албанија

Во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патниот правец Либражд-Прењас, близу албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан" учествувал стружанец. 

Во директниот судир на две возила, со кои управувале македонскиот државјанин И.Л. (36) од Струга и С.С.(45) жител на Тирана повредени се шест лица, на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Либражд.

Повредени се Т.С. (75), Ѓ.К. (80) и Е.К.(85) сите жители на Тирана, како и македонските државјани М.Л. (31), Е.Л. (12) и Ќ.Л. Тие се префрлени во болницата во Либражд и се надвор од животна опасност. 

Слично

Поврзани вести