Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стружанец ја пријавил сопругата, му ставила дрога во кафето

Стружанец ја пријавил сопругата, му ставила дрога во кафето

Стружанец ја пријавил во полиција поранешната сопруга дека му подметнала дрога во кафето и го затрула.

„ Вчера во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства“, соопштија од полицијата.

Жената била повикана во Полициска станица Тетово но ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека се сретнала со поранешниот сопруг за  да го види своето дете, додека воопшто не пиеле кафе. Таа го известила и Центарот за социјални работи кога на Д.К. му се слошило.

Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести