Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стружанец дивеел на вакцинален пункт во Охрид

Стружанец дивеел на вакцинален пункт во Охрид

Стружанев сакал физички да се пресметува со полицајци и медицински лица кај вакциналниот пункт во Охрид, информира синоќа Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за педесет и шест годишен стружанец С.К. (56) кој направил неред на вакциналниот пункт во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид и од вакцинација завршил во полиција во четвртокот.

„Вчера во 18.30 часот од СРЦ „Билјанини извори“ – вакцинален пункт во Охрид бил приведен С.К.(56) од Струга, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници и лекари од пунктот кои извршувале службени дејствија. Сочинет е записник за сторени прекршоци по чл.4 и чл.13 ст.2 од ЗППЈРМ“, објави вчера СВР Охрид.


Слично

Поврзани вести