Струшкиот началник на полицијата под дисциплинска за „литијата“, опомена за охридскиот
Началникот на струшката полиција е под дисциплинска постапка, објави Телма, поради нереагирање на фамозната литија која се одржа во градот за време на епидемијата на вирусот Ковид-19, по интерното испитување за прекршување на процедурите и законите од страна на МВР. Началникот и дополнителниот заменик началник на СВР Охрид ќе поминат само со опомена за „несоодветно однесување и извршување на работни задачи“.
Контролата утврдила елементи за постоење на одговорност кај раководни полициски службеници од СВР Охрид за постапување спротивно на законските прописи и Одлуките на Влада за време на пандемија, како и постапување спротивно на правилата и прописите кои се применуваат во Министерството за внатрешни работи.
Началникот на струшката полиција ќе одговара за потешки повреди на работниот ред и дисциплина. ОЈО Струга води посебна истрага за овој случај.
