Струшкиот гинеколог Мухамед Асани не дојде на стартот на судењето
Докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилка Јилдиз Веапоска и извади бубрег, матка и јајник, денеска не дојде на почетокот од судското рочиште поради презафатеност.
Судењето требаше да биде јавно и да се одржи во струшкиот суд. Веапоска пред новинарите рече дека се уште ги чувствува последиците.
- Пијам таблети, психички не сум добра и имам болки, рече таа пред медиумите.
Нејзиниот адвокат додаде дека „можат да одлагаат колку сакаат, но кога тогаш судењето ќе почне, а кога ќе почне ќе бидат изложени сите докази“.
Асани се товари тешки дела против здравјето откако родилката остана без матка, јајник и бубрег во струшката болница.
Обвинение поднесе тамошното обвинителство. Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа/
