Струшката депонија повторно гореше
Граѓаните на Струга повторно се загрижени дека ќе дишат загаден воздух со кој се шират многу зарази бидејќи дивата депонија повторно била потпалена попладнево. За среќа опопожарена е помала површина која веднаш е изгасена од страна на противпожарните екипи. Според информациите пожарот избувнал околу 14 часот на југозападната страна од депонијата поради засега непознати причини.
Ова ново активирање на пожарот доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.
Жителите на Струга со години бараат решение за проблемот со дивата депонија, но револтот стана посилен откако истата беше опожарена и оставена да гори со деновина само 500 метри од градот. На протести граѓаните неколку пати побараа итно дислоцирање на депонијата. Од надлежните служби ветуваат дека дека набргу трајно ќе го решат проблемот.
Слично
