Струмичките пожарникари ја добија првата плата од 80.000 денари
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов,објави дека струмичките пожарникари денес ја добиле зголемената плата од 80.000 денари,што беше најавена во текот на минатото лето.
„Денеска ја исплативме платата од 80.000 денари за нашите пожарникари-спасители. Како што ветив Струмица има највисоко платени пожарникари-спасители во државата.
Имаме и највисоко платена администрација во Македонија. K-15 е исплатен четири години по ред, што дополнително го мотивираше тимот.
Драги мои, вака јас го разбирам социјалдемократскиот аспект во моето општествено делување.
Многумина не ми веруваа, многумина посакуваа да не успеам во намерата да ги зголемам платите. Некои ме убедуваа дека не треба да верувам на синдикатот. Но тоа не е мојот начин на делување“,соопшти градоначалникот на Струмица.
Слично
