Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СТРУМИЧКАТА ПИЉАРА УШТЕ Е ПРИЛИЧНО ЖИВА И РАБОТИ НА СПАСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ГЛАВА“: Куновска за СДСМ-„Дали крајот вака мириса?“

„СТРУМИЧКАТА ПИЉАРА УШТЕ Е ПРИЛИЧНО ЖИВА И РАБОТИ НА СПАСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНАТА ГЛАВА“: Куновска за СДСМ-„Дали крајот вака мириса?“

Софија Куновска, некогашна советничка во советот на Град СКопје од СДСМ, во јавноста е позната по сериозните критики што ги упатува на СДСМ.
Овој пат таа вели дека СДСМ не мисли на изборите, туку на денот по изборите.
„Дали крајот вака мириса

Со имињата што се вртат за пратеници на листата, од авион се гледа дека СДСМ не мисли на изборите туку на денот по изборите.

Акционерското друштво оди во стечај. Борбата е кој ќе биде стечаен управник и ќе тргува со стечајната маса.

А и кој ќе оди сургун или чија глава ќе се пазари, чија не.

Струмичката пиљара уште е прилично жива и работи на спасување на сопствената глава, но и на спасување на нејзините подопашни мувички, бидејќи тие би можеле да бидат опасни ако се зад решетки.

За тоа време бароницата од Дебар маало си плете клот-фркет, заради разонода. Ама никој не се загледува веќе во плеталото.

П.С. Тоа не значи дека коњокрадството нема да се бутка до последен ден, се викало тоа Митилинеос или како и да е.“ напиша таа на фејсбук.



Слично

Поврзани вести