Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУМИЧКА АРЕНА ГАМИНГ ОСТАНА БЕЗ ЛИЦЕНЦА: Министерство за финансии утврди неправилности и во работењето на Државна лотарија

СТРУМИЧКА АРЕНА ГАМИНГ ОСТАНА БЕЗ ЛИЦЕНЦА: Министерство за финансии утврди неправилности и во работењето на Државна лотарија

Струмичка компанијата која има лиценца за приредување игри на среќа е првата која ќе ја изгуби лиценцата, соопштува Владата по денешната седница. 

- Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. 

Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки  за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. 

Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции - се нагласува во соопштението.

Слично

Поврзани вести