Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СТРУМИЧАНИ ГО СОБОРИЈА БАСТИОНОТ НА СДСМ“: Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

„СТРУМИЧАНИ ГО СОБОРИЈА БАСТИОНОТ НА СДСМ“: Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков вечерва прогласи победа. Како што соопшти пред новинарите, победата е со 4.000 гласа разлика во однос на противкандидатот на СДСМ Марјан Даскаловски. Според него, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го има и мнозинството во Советот.

- Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки места, кои не се обработени, овој тренд да продолжи. Затоа струмичани извојуваа убедлива победа, односно ВМРО – ДПМНЕ по долги години извојува убедлива победа во Струмица. Со тоа струмичани го соборија бастионот на СДСМ овде во Струмица. Победи волјата на граѓаните во Струмица - рече Јанков.


ВМРО-ДПМНЕ забележа победа и во Василево, Босилово и Ново Село. Таму победија актуелните градоначалници Салве Андонов, Ристо Манчев и Ѓорѓе Зимбаков.

Претходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски објави дека очекуваат убедлива победа низ цела земја. 

Претходно политичарот и долгогодишен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на социјалните мрежи објави дека после долги години владејачката партија има повеќе гласови во Струмица, град кој важеше за столб на СДСМ. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести