Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмичанец загина во сообраќајна несреќа

Струмичанец загина во сообраќајна несреќа

Струмичанец загина во сообраќајка. 

На патот во село Доброшинци,  се случила сообраќајна несреќа при што починал шеесет и две годишниот В.А. од село Пиперово. 

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со струмички регистарски ознаки, кое го возел В.А. и автомобил „фолксваген шаран“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Е.М.(25) од село Градошорци. 

Возачот В.А. починал, додека  Е.М. и А.А.(16), сопатничка во неговото возило се здобиле со телесни повреди и се пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Слично

Поврзани вести