СТРУМИЧАНЕЦ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Судар меѓу мотоцикл и голф
Шеесетичетири годишен струмичанец е тешко повреден по сообраќајна незгода. Тој возел мотоцикл „томос“ и направил судар со „голф“ при што се здобил со тешки повреди и завршил во медицинскиот центар во Струмица.
- Во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(68) од Струмица и мотоцикл „томос“ со струмички регистерски ознаки, управуван од П.П.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица - се наведува во билтенот на МВР.
Слично
