СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА, полицијата го уапсила, поднесена е кривична пријава
Во текот на вчерашниот ден службите од Струмица привеле млад жител на Василево кој се сомничи дека силувал малолетничка од Радовиш, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
- На 11.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по поднесување на кривична пријава во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од основен суд Струмица - се наведува во соопштението на МВР.
Слично
