Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУМИЧАНЕЦ ПРОДАВАЛ ФАЛСИФИКУВАНИ ПЦР ТЕСТОВИ ПО 1.000 ДЕНАРИ - откриени кај патници во автобус кој одел за Германија

СТРУМИЧАНЕЦ ПРОДАВАЛ ФАЛСИФИКУВАНИ ПЦР ТЕСТОВИ ПО 1.000 ДЕНАРИ - откриени кај патници во автобус кој одел за Германија

Откриен автобус со еден куп патници со фалсификувани тестови за ковид, кои патувале за Германија. 
Тестовите ги правел и продавал струмичанец, по 1.000 денари.
„Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Северна Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно  расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести