Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмичанец го фотографирал Чавков па бил нападнат од неговото друштво

Струмичанец го фотографирал Чавков па бил нападнат од неговото друштво

Струмичанец бил нападнат од друштвото на поранешниот министер Митко Чавков во кафеана во близина на Колешинските водопади, објави Телма, повикувајќи се на извори од официјална истрага.

Инцидентот се случил околу 18 часот во ресторанот „Подгорски ан“, каде што струмичанецот бил физички нападнат од 4 лица меѓу кои, според пријавата на оштетениот, имало и инспектори од СВР Струмица. Напаѓачите го удирале по телото, го легнале на земја и му ги свиткале рацете.

Напаѓачите биле во друштво на екс министерот Митко Чавков, кој не учествувал во нападот но потоа го прашал нападнатиот од која причинал се осудил да фотографира.

Чавков и неговото друштво го напуштиле угостителскиот објект и со три автомобили си заминале.

Митко Чавков е 6-то обвинет за крвавиот четврток и собраниските насилства на 27-ми април, а во моментов се брани од слобода по приложената гаранција и укинувањето на притворот.


Слично

Поврзани вести