Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУМИЧАНЕЦ ФАТЕН ДОДЕКА ОГРАБУВАЛ ЦРКВА - со него бил и неговиот малолетен син

СТРУМИЧАНЕЦ ФАТЕН ДОДЕКА ОГРАБУВАЛ ЦРКВА - со него бил и неговиот малолетен син

Крадец од Струмица е уапсен во моментот кога ја ограбувал католичката црква во Струмица, а притоа, со него било и неговото дете, објави Министерството за внатрешни работи. 

- На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. 
Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. 
Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба. 
С.Х. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во објавата.



Слично

Поврзани вести